2win800x200

Одземени ингеренциите на Општина Битола и за градинката „Мајски цвет“

Април 11, 2022

Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите на Општина Битола во делот на назначување на членови на Управниот одбор во детската градинка „Мајски цвет“ од страна на Советот на Општина Битола. Веста и решението ги објави ОО на ЛДП Битола, со оглед на тоа што актуелната директорка Снежана Тодорвска е кадар на ЛДП.  

Нема опис за фотографијата.

Нема опис за фотографијата.

Претходно Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги одзеде надлежностите на Општина Битола, на градоначалникот Тони Коњановски и Советот на  општина Битола за управување со установата „Естреја Овадија – Мара“, која во својот состав има 9 градинки. Причината за ваквиот потег на Министерството е неизгласувањето на седница на Советот на членот на Управен одбор од редот на вработените, потврдуваат од градинката за „Независен“. Тоа значи дека именувањето на членот на УО од редот на вработените сега нема да се гласа на седница на Советот, туку на седница на Владата, со тоа што УО ќе биде во полн состав од 7 члена.

Во образложението на Министерството пишува дека  „се одземаат надлежностите на градоначалникот на Општина Битола и Советот на Општина Битола за избирање и разрешување на член на УО во ЈОУДГ „Естреја Овадија – Мара“ Битола, од редот на вработените како претставник на установата во постапка пропишана со статут на установата и Законот за детска заштита. МТСП ќе ги врши одземените работи од надлежноста на општината за избирање и назначување на член на УО во однос на јавната општинска установа, како претставник на установата во постапка пропишана со статут во име и на сметка на Општина Битола“, стоеше во решението од Министерството кое стаса на адреса на градинката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани