2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За детската градинка во АРМ Општината ќе го раскине договорот со изведувачот

Април 29, 2022

Општина Битола е во постапка на раскин на договорот со изедувачот поради ненавремено завршување на активностите за изградба на градинката во АРМ, одговори градоначалникот Тони Коњановски на прашањето на советничката од СДСМ Елена Кромидаровска до каде е изградбата.

„Како стигнавме до овој резултат треба да одговорат и од опозицискиот СДСМ бидејќи за овој проект наследивме многу отворени прашања со изведувачот и најголем дел од вината ја сноси претходната локална самоуправа“, рече Коњановски.

Советничката од СДСМ Жаклина Наумовска потсети дека сегашната локална власт кога беше опозиција , а тогашната градоначалничка Наташа Петровска имаше проблем со изведувачот на улицата „Климент Охридски“ ја прогласија за неспособвна, а денес за слична ситуација вината ја вперуваат во друг.

„Сега кажувате дека има проблем со градинката, пак, од страна на изведувачот. Како ќе го окракатеризирате сега ова како способност или не способрност? Вие бевте дел од овој совет кога викавте дека се работи за неспособност. Ние нема да речиме дека се работи за неспособност бидејќи 4 години имавме многу желби, идеи, ама правните работи и идеите наши не секогаш соодветствуваа со изведувачи и министерства. Тогаш локалната власт беше неспособна за вас, а сега централната. Вокубуларот со кој ни ги одговарате прашањата не е во ваш стил и ќе ве замолам оние кои ви помагаат при подготовката на одговорите да ја тргнат малку политиката на страна“, рече Наумовска.

Проектот за изградба на градинката го започна претходната локална власт кога беше најавено дека ќе се подигне со германската инвестиција и во добар дел со поддршка на Министерство за труд и социјална политика. Требаше да згрижува 150 деца со што ќе се намалеше листата на чекање што постои во градинките.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани