Горан Пинза е избран за нов лидер на ОО на ЛДП Битола и доаѓа на местото на Александар Касапов. Во салата на Офицерскиот дом во Битола се одржа осмото собрание на Општинската организација на ЛДП-Битола, каде во присуство на претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски е избрано ново раководство на општинската организација на ЛДП Битола. Избран е нов општински одбор, а за претседател е назначен Горан Пинза, познат меѓу битолчани по својот граѓански активизам. Пинза се вклучи во политика на последните локални избори и беше кандидат за советник. Неговите заложби во кампањата, главно беа насочени кон равој и унапредување на туризмот во градот, со значаен акцент на Пелистер.