АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Атлетскиот клуб ОЛИМП од Битола нижи успеси, а сезоната само што започна
На Националното првенство за средни училишта кое се одржа во Куманово, вчера нашите АК ОЛИМП атлетичари остварија одлични резултати. Христијан Котевски освои второ место во севкупен пласман во дисциплината 400 метри - мажи Јана Стефановска освои второ место во севкупен пласман во дисциплината 800 метри - жени Наталија Чона освои петто место во се купен пласман, а прво во својата група, во дисциплината 100 метри - жени Стефан Туловиќ освои шесто место во севкупен пласман, а прво во својата група, во дисциплината 100 метри - мажи Дони Петличковски освои осмо место во дисциплината 800 метри - мажи Христијан Шаклевски освои дванаесетто место во севкупен пласман во дисциплината 1000 метри - мажи Натпреварот беше во организација на Федерација на училишни спортови, помогнат од Атлетска федерација на Македонија.