Здружението на пензионери бара да го стопанисува хотел „Битола“ со цел згрижување на стари лица

Јуни 29, 2022

Здружението на пензионери од Битола побара од минитерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска да се заложи кај Владата хотел „Битола“ да им биде даден на стопанисување со цел негова заштита и згрижување на стари лица, ова особено што хотел ,,Битола“, е изграден со средства издвојувани од пензионерите наменети за станбена изградба. Како што рече претседателката на Здружението, Даница Петличкова, ова е многу важно за Битола зашто градот се соочува со недостиг на места во старските домови и доколку се успее во намерата ќе се реши горлив проблем за градот.

„Побаравме Хотел ‘Битола’ кој е на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ни го дадат нас во интерес на општина Битола зашто нема доволно сместувачки капацитети за пензионерите на кои им треба грижа. Во сегашните домови има листа на чекање. Битола полека , но сигурно станува град на пензионери. Многу стари лица се останати сами и потребна им е организирана грижа“, рече Петличкова.

a8a447e8716765a8b5c21d191ee55171 XL

Досега хотел „Битола“ во три наврати се продаваше , но купувач не се најде, а во меѓувреме објектот пропаѓа и е мета на крадци. Последно се продаваше по цена од 2,7 милиони евра, но не доби нов сопственик.

„Доставивме писмо до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Министерство за труд и социјална политика.и Владата на РС Македонија. Од Министерството и Владата добивме одговор дека не е во нивна сопственост. Но, се задржавме на фактот дека Владата им дозволила да го огласат на продажба. Одтаму ја замоливме министерката да се заложи до Влада да се исполни она што и треба на Битола. Ни беше укажано да доставиме барање. Образоложив дака во моментот Фондот нема полза од објектот зашто тој пропаѓа. Не добвива приходи, напротив генерира и расходи“, додава Петличкова.

Хотелот опфаќа површина од 5.401 метри квадратни, но можна е поделба на објектот, па доколку не може да го добијат цел, пензионерите бараат да им биде прераден одреден дел кој би служел како дом за стари лица. Хотелот со одлука на УО на Фонодот за пензиско и инвалидско осигурување е затворен, а сите кои таму престојувале се иселени од објектот затоа што оди на продажба. - Трговското друштво „Борец“ ПИОМ ДОО Битола повеке не постои.За објектот повќе никој не води грижа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани