2win800x200

Претрес во Фабрика за канабис во Битола, приведени пет лица и запленета дрога од 800 000 евра

Август 17, 2022

 

Пет лица се приведени, а запленета е дрога во вредност од 800 000 евра при  претрес во Фабрика за производство на канабис за медициснки цели во Битола на која ѝ била одземена дозволата за работа, а било откриено дека се врши производство на марухуана, соопштија од МВР.

Претресот во просториите на фабриката бил спроведен вечера од страна на полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со тимови од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола.

„При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис“,соопшти портпаролката на МВР Сузана Прањиќ- Талевска.

Од полицијата соопштија дека добиле информации дека се произведува марихуана од правен субјект и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, па била обезбедена наредба за претрес од Основен суд Битола.

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, пронајдената дрога е спакувана во 67 вреќи во вкупна тежина од околу 250 килограми. Петте лица се приведени во полициска станица, а по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на наркотична дрога марихуана ќе биде поднесена кривична пријава. 

2292

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани