2win800x200

Потрошувачите реагираат на цената, но и на квалитетот на млечните производи

Септември 24, 2022

Расипани и мувлосани млечни производи- на оваа појава се почесто се жалат граѓаните во Организацијата на потрошувачи.  Покрај за  високите цени,  има реакции  и  за  нивниот квалитет, појава што во последните месеци добива загрижувачки размери. Од ОПМ велат  дека расипаните млечни производи на рафтовите во малопродажба не се со изминат рок,  но најверојатно  се штеди електрична енергија за нивно одржување.

-ПОТРОШУВАЧИТЕ ДВОЈНО СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ОВОЈ ПРИТИСОК,  НА ЦЕНИТЕ, ОД ЕДНА СТРАНА КУПУВААТ ДВОЈНО ПОСКАПИ ПРОИЗВОДИ, А ОД ДРУГА СТРАНА ПРОИЗВОДИТЕ НЕ СЕ УПОТРЕБЛИВИ. СИТЕ СЕ ВО ПРОПИШАНИОТ РОК, НО ПРЕТПОСТАВУВАМЕ ДЕКА НЕ СЕ СООДВЕТНО ЧУВАНИ, ОДНОСНО СЕ НАМАЛУВА ТЕМПЕРАТУРАТА НА ЛАДЕЊЕ ВО ФРИЖИДЕРИТЕ КАДЕ СЕ ЧУВААТ ОВИЕ ПРОИЗВОДИ, ВЕЛИ  СНЕЖАНА ДИМИТРОВСКА, ОПМ БИТОЛА.

Поплаките за расипаните млечни производи најчесто доаѓаат само до Организацијата на потрошувачи. Граѓаните не вршат рекламација, затоа што да се вратат во маркетите најчесто им е дополнителен трошок. Од ОПМ  за ваквата појава ги известиле и надлежните.

-СЕ ОБИДУВАМЕ СИТЕ ОВИЕ ПРОБЛЕМИ ДА ГИ ПРЕЗЕНТИРАМЕ И НА НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА, НО И ДО СОВЕТОТ   ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ  ВО ВЛАДАТА. ТАМУ ИМА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД СИТЕ МИНИСТЕРСТВА, ПА ОЧЕКУВАМЕ ДЕКА И ТИЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ДОВОЛНО ИНФОРМАЦИИ ДЕКА НА ПАЗАРОТ ИМАМЕ ПРОБЛЕМ, ВЕЛИ ДИМИТРОВСКА.

Цените на млечните производи и натаму незапирливо растат и тоа на дневна основа, и покрај тоа што на сила е единствената владина мерка за ограничување на маржата.  Млечната криза ја предизвика недостигот на млеко,  кое го има се помалку, поради намалување на сточниот фонд. Тоа   се откупува од 20 до 30 денари  за литар, а во малопродажба достигна и до 95 денари. Млекопроизводителите бараат повисоки откупни цени и исплата на заостанатите субвенции, во спротивно велат ќе ги продаваат кравите и ќе излезат на радикални протести.

https://telma.com.mk/2022/09/24/potroshuvachite-reagiraat-na-cenata-no-i-na-kvalitetot-na-mlechnite-proizvodi/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани