АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Производите на „Здравје“ се направени од чисто млеко, без додатоци, со печат за безбеден и квалитетен производ. Млекарницата се докажа како маркет - лидер во категоријата на тврди производи во нашата држава. Со една мисла кажано - производите на „Здравје“ се уметност на добриот вкус!
А, токму во името на добриот вкус, производите на „Здравје“, се вкусуваа и дегустираа на Широк Сокак во Битола, на мала коктел дегустација во организација на домаќинот, млекарницата „Здравје“. Присутните уживаа во вкусовите, мирисите и аромите на најдобрите сирења и кашкавали од нашето поднебје. Во пријатна и пријателска атмосфера и фантастична декорација, деликатесите на „Здравје“ во спој со домашно свежо грозје, бобинки, слатко од смокви... ги будеа сите сетила, нудејќи инспирации за новите подвизи во семејните кујни, откривајќи го гастрономот во секој од нас.
Настанот имаше повод-подобрувањето на вкусот во категориите на сирења и кашкавали, пред се на кравјото сирење, мешаното сирење, кашкавалот, пармезанот, грана падано и мешаните кашкавали. Подобрувањето на вкусовите според организаторот е направено во еден развоен процес и континуитет од над една година во соработка со фирмата Chr. Hansen од Данска која е лидер за развојот на култури во светот кои се користат во млечната индустрија.
„Нашата порака на оваа дегустација која треба да ја истакнеме е всушност и нашата мисија дека „Здравје“ има безбеден и квалитетен производ во исто време добиен од чисто млеко. Она што можеме да го гарантираме за секој наш потрошувач е дека нашите производи се исклучиво од млеко со највисок европски квалитет“, истакна извршниот директор на млекарницата „Здравје“, Златко Најдовски.
Токму поради докажаниот квалитет на производите, „Здравје“ во последниот период реализира најголем извоз во земјите на Европската Унија, од останатите млекарници, пред се’ во Бугарија, Словенија, Шведска, Германија и други земји од стариот континент.
„Плановите ни се да постигнеме двојно зголемување на нашиот раст, како во приходи, така и во тежински и волуменски состав. Во следната 2023 година најавуваме инвестиции, тука пред се мислам на погонот во Битола, на процесниот дел и секако ќе пласираме нови производи. Отвораме можност за нови вработувања“, порача извршниот директор Најдовски на дегустацијата.
Млекарницата „Здравје“ практикува најстроги критериуми во однос на откупот и влезот на суровото млеко. Но, како што велат од оваа млечна индустрија, квалитетот на суровината е загарантиран кога се знае дека најголемиот добавувач на сурово млеко е фармата на ЗК Пелагонија и уште триста други индивидуални кооперанти.
„Потврдувам дека сите производи од палетата на „Здравје“ се од чисто млеко, од домашен откуп без ниту еден друг додаток. Млекото во најголем дел е од фармата на ЗК Пелагонија, докажан најголем производител на домашно квалитетно сурово млеко кое ги исполнуива најстрогите европски критериуми, како и млеко од внимателно одбрани фармери. Потенцирам, работиме на проширување на нашите капацитет пред се на откупот на суровото млеко, со задоволување на највисоките критериуми за безбеден и квалитетен производ“, нагласува Најдовски, со најава дека имаа проекции, за две години откупот на сурово млеко да порасне двојно од сега, на 70 тони дневно.
Погонот и комплетното производство на млечни производи на млекарницата „Здравје“ е во Битола, односно како што рече Најдовски-центарот на млечната индустрија.
Текст Апла.мк
Фотографија Ивона Кочов
Комерцијален текст