АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Викендов Пелистер ги собра љубителите на планинскиот велосипедизам од цела Македонија. Во организација на спортскиот тим „Ај да возиме на Пелистер“ околу педесетина велосипедисти и планинари уживаат возејќи низ прекрасните планински предели.
Турата започна вчера од Инфо центарот на Пелистер, а се возеше до Големо Езеро. Таму попладнето се одржа забава со свирка во живо и дружба меѓу учесниците. Велосипедистите преспаа во домот на Големо Езеро.
Турата продолжи денес со тоа што дел од учесниците возеа кон Антена и спуст до Инфо Центарот, односно крос кантри тура, а други возеа во потешката тура кон Ниже Поле преку Дебел Рид.
Планинарско-спорткиот клуб „Пелистер“ им излезе во пресрет и со џипиви им помогна да се пренесе опремата, храна, ранци и друго..
Ваквите тури успеваат да го испромовираат Пелистер како одлична дестинација за планински велосипедизам и да поттикнат што повеќе млади да се занимаваат со велосипедизам и планинарење, односно да возат здрав начин на живот.