2win800x200

(ФОТО и ВИДЕО)Шестгодишната Ања го отвори Божиќниот концерт на Камерниот оркестар и го покажа својот раскошен музички талент

Јануари 05, 2023
фото: Сашо Ставрев фото: Сашо Ставрев
Видео: Златко Јосифовски

Малата и талентирана Ања Гроздановски (6) член на детскиот хор Ѕвончиња од школата на Марина Коруновска, синоќа со солистички настап заедно со Камерниот оркестар на Битола го отвори Божиќниот концерт. Шестгодишното девојче со раскошен талент ја испеа „Божиќна песна“ на композиторот Кире Костов, која за првпат се изведе на фестивалот Златно Славејче во 1993 година. Публиката со аплауз го проследи нејзиното појавување на сцената со диригентот на Камерниот оркестар Владимир Димовски, а по првите отпеани тактови, уште еднаш ја награди и охрабри со аплауз малата Ања.

Големата сала во Центарот за култура синоќа беше исполнета до последно место за Божиќниот концерт на битолскиот Камерен оркестар кој од неодамна е прогласен за национална установа.

 

Свој солистички настап имаа Наде Талевска и Агни Авшар, а со камерниот оркестар пееше и детскиот хор Ѕвончиња, кој настапи со песните „Тивка ноќ“, македонската и германската верзија, „Ѕвончиња“ (македонската верзија) и ја придружуваа Ања Гроздановски со „Божиќна песна“.

Хорот Коруновска Арс Нова настапи со песните „Feliz Navidad“, „Jingle Bell Rock“ и во придружба на солистките Марија Цветановска која ја пееше песната „All I Want For Christmas Is You“ и Емилија Ристевска со песната „Благослов“

Сите учесници на сцената на задоволство на публиката направија исклучителна атмосфера на самиот крај на концертот, кога диригентото Владимир Димовски засвири на виолина и го придружуваше хорот Коруновски Арс Нова додека уште еднаш ја пееше песната „Feliz Navidad“, а пак Марина Коруновска, ја анимиршае публиката од  диригентскиот подиум. Убава претпразнична атмосфера на Божиќниот концерт на Камерниот оркестар во Битола.

1

2

 

ања

ања 2

свончиња

319426563 889220712286123 4880763838381391654 n

321240898 1426907104381771 1749023524570930273 n

321480150 451008750565698 2789088273852308473 n

321615635 828949851502519 7974465348620246949 n

321620098 2281528238695514 8814825326584803946 n

322738772 1823690487982234 3792356475286499073 n

323937135 667412215115729 7738872907752334566 n

диригент

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани