2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолски „Штајниц“ го наполна Офицерски со шахисти од цела Македонија и Грција

Јануари 21, 2023

Масовен одзив на шаховскиот турнир на клубот „Штајниц“ во Битола

Дури седумдесет шахисти од Македонија и Грција зедоа учество на првиот брозпотезен шаховски турнир што го организираше новиот шаховски клуб „Штајниц“ од Битола. Кристалната или белата сала во Офицерскиот дом беше полна со вљубеници во шахот кои се натпреваруваа меѓу себе во шаховските вештини. Меѓу учесниците имаше деца од осум години, па до возрасни лица од околу седумесетина. На сите заедничка им беше љубовта кон шахот.

ah2

Претседателот на шаховскиот клуб „Штајниц“, Пеце Богдановски рече дека ќе се обидат да направат позитивна шаховска приказна во Битола, град кој има шаховска традиција, а главната цел им е да ги поттикнат младите да ја играат оваа спортска дисциплина.

„Овој брзопотезен шаховски турнир истовремено е и промоција на новиот битолски шаховски клуб Штајниц. Мотивот за отворање на шаховскиот клуб е работа со млади кадри. Во рамките на клубот имаме шаховска школа за да се совладаат тајните на шаховската игра од страна на млади и други заинтересирани шахисти. Преку систем на натпревари вложуваме труд уште повеќе да се усовршат во нивната игра“, рече Богдановски.

ah1

Богдановски додаде дека освен играта и натпреварувачкиот дух, присутна е дружбата на младите и повозрасни шахисти од државата и странство. 

„Посетеноста не изненади пријатно. Мислевме дека 40 натпреварувачи ќе имаме на турнирот. Но, се јавија заинтересирани од Грција, Скопје, Прилеп, Охрид, Струмица, Штип, па има 70 натпреварувачи. Тоа е масовен одзив на овој турнир што е позитивна работа. Се надеваме дека ова ќе им даде позитивна инспирација на што повеќе млади лица да почнат да се занимаваат со шах“, рече Богдановски.

326061806 552373986827338 3410707900085392184 n

Во клубот „Штајниц“ можат да членуваат деца од осум годишна возраст, па нагоре.

„Ние гледаме дека децата се оптопварени со училишни обврски, но тој што има вистинска љубов кон шахот, наоѓа време и за шаховската игра. Ако нема вакви клубови, нема кој да ги прифати тие таленти. Ние ќе им дадеме поттик да продолжат да се занимаваат со шах и понатаму“, рекоа од „Штајниц“.

На турнирот се играше брозопотезен шах по швајцарски систем од 9 кола со темпо на играње од 10 минути и 5 секунди додаток за секој одигран потег. Судеше меѓународен судија. 

За натпреварувачите беа подготвени пригодни подароци.           

Победници на турнирот се:

1.Тони Лазовски

2.Григориос Вардакас

3.Матеј Ѕвездаковски

4.Минас Јоанис 

Специјална награда за млад шахист доби Марјан Христовски 
 
 

               323590288 501075592159085 2351771931255891117 n

sa

     324160647 1229765204600743 690898442190128175 n

    324990080 706042044262064 9054430597254234255 n

  326525761 418852413748623 3972794199055983641 n

    323950399 564813072228886 7162016762286332213 n

    325931807 699950008290067 2063820299224079523 n

 326436360 644806720747637 5432763522526172181 n

      326567007 555677993283392 5667752929118276561 n

326634971 5729970887101561 1251707607254019893 n

        326707686 3357812081200635 2104676978633338667 n

 326754874 545868177569102 8481682849284560766 n                                                                                            

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани