Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ информира дека е избрана како едно од училиштата победници во проектот RYCO - Superschools заедно со партнер училиштето, Гимназија за странски јазици „Асим Вокши“ – Тирана, Албанија. Двете училишта, заеднички ќе реализираат проект насловен како „Modus operandi – Modus vivendi “
-Самото име на нашиот проект ни укажува на една многу важна карактеристика за младите луѓе а тоа е „Начинот на работа е одраз на стилот на живеење на младите “
Целта на
проектот e двете училишта да се фокусираат во изнаоѓање на начини како е да се биде млад одговорен човек во едно вакво тешко време, односно како еден млад човек да стекне одговорност правејќи што повеќе општествено корисни активности.
Оваа интеркултурна размена има за цел проширување на ставовите на учениците, создавање на нови пријателсва, а со самото тоа и размена на искуства во регионот на Западен Балкан, велат од Гимназијата.
Од таму додаваат дека намерата е да ги имплементираат темите кои што ги поврзуваат двата образовни системи на Република Македонија и Република Албанија, а со тоа младите би стекнале поголема самодоверба и би го пронашле своето место во регионот.
-Всушност, преку образовниот систем ние ќе докажеме дека училиштето не е само поле за стекнување на знаења, туку на практичен начин преку различни активности кои се од голема животна важност со учениците ќе докажеме дека младите се насекаде исти, имаат исти потреби, исти интереси и исти желби.
Денес во Скопје се потпишаа договорите меѓу партнер училиштата и среќни сме што токму нашето училиште е селектирано како суперучилиште кое ќе учестува во реализација на овој проект и се надеваме дека со активностите и партнерството и на двете училишта ќе дадеме позитивен пример на сите млади во регионот на Западен Балкан. Координатор на проектот е педагогот Биљана Исковска.Во наредниот период ќе следи и организација за имплементација на активностите кои се договорени меѓу двете училишта, објавија од Гимназијата.
Regional Youth Cooperation Office - RYCO