АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска започна изградбата на внатрешните станбени улици во новата населба „Златен рид“. За почеток багерите влегоа во улицата „Тодор Скаловски“ позади зградата „Аурум“. Од кредитот за изградба на улици во поранешната касарна што го подигна бившата локална власт во висина од 2 и пол милиони евра, останале пари, па новата локална власт донесе одлука да прави уште десет нови улици во поранешната касарна.
-Започнаа активностите за снимање на постоечката состојба и ископ за изградба на улицата „Тодор Скаловски“, на просторот на поранешната касарна. На улицата изградена е фекална канализација и водовод, а во оваа фаза ќе се изгради атмосферска канализација, коловоз и ќе биде поставено улично осветлување. Поради важноста на локацијата на која поминува улицата, изградените станбени и деловни објекти во овој дел, улицата „Тодор Скаловски“ е прва од приоритетните улици предвидени за изградба на инфраструктура во АРМ, во оваа фаза, велат од Општина Битола.
Завршувањето на градежните активности на оваа улица во должина од 180 метри, како и изградбата на сите 9 улици во АРМ, предвидено е да финишира најдоцна до средината на ноември, потврдуваат од Општината.
Изведувач на активностите е ГП Гранит.
О Д Л У К А
за дополнување на одлуката за долгорочно домашно задолжување на Општина Битола во рамки на Проектот за подобрување на општинските услови (МСИП)
Член 1
Со оваа Одлука се врши дополнување на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на Општина Битола во рамки на Проектот за подобрување на општинските услови (МСИП), („Сл. Гласник на Општина Битола“ бр. 00) на начин што во членот 1 по зборовите „Рокдаил“ се става запирка и се додаваат следниве улици: СРУ6, СтУ5, П28 и СРУ6А, именувани како „Илија Николовски – Луј“; СтУ2 именувана како „Тодор Скаловски“; СРУ7 именувана како „Рокдаил“ и СтУ1 и СтУ 1.1 именувани како „Григор Прличев“.
Во истиот член по зборовите „Св. Јован Кукузел“ се додаваат следните улици: СтУ9, СтУ10 и СтУ10А именувани како „Митрополитска“.