2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Битола ќе се отвори Куќа на Европа - Коњановски и Гир потпишаа меморандум за соработка

Февруари 27, 2023

Градоначалникот Тони Коњановски и евроамбасадорот Дејвид Гир во Офицерскиот дом потпишаа Меморандум за соработка со цел отворање на Куќа на Европа во Битола.

„Куќата на ЕУ треба да биде место каде младите ќе можат да дискутираат за важни прашања за европските правец на земјава, дури и подиректно за нивната иднина како идни граѓани на ЕУ. Европските куќи ги сметаме како еден вид прозорец, можете да погледнете во двата правци. Првиот правец на кој можат да гледаат младите, локалното население е правецот кон ЕУ, а другиот правец прозорец низ кој локалното население не само туку тука, туку и членките на Европската Унија можат да го видат огромното културно наследство што како земја и град можете да го понудите“, рече Гир.

Градоначалникот Тони Коњановски исткана дека Битола е град кој од секогаш ги негувал европските вредности.

„Битола од секогаш била град на културата, место каде се проткајуваат европските вредности, источните бескрајни приказнни и севкупната градска архитектура, е во доментот на длабоко осмислената градска форма, каква што не се среќава на Балканот. Со поштишувањето на Меморандумот Битола продолжува европски да се развива и преку соодветно организираниот простор наменет пред се за младите, за диксуии, учења, информирања. Прололжуваме со актиности кои значат одржливост и успешност“, рече Коњановски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска изрази благодараност до претходната и оваа локална самоуправа, како и до минатиот и сегашниот Совет за иницијативата за враќање на сјајот на Офицерскиот дом. Лани објектот доби заштита од највисок ранг за да може да ја добие заштитата што ја заслужува.

„Ова е логиен чекор конзулска Битола да има една ваква институција на Широк Сокак и каде ако не во Офицерски дом. Тој опстојува 114 години откако е изграден и пркоси на сите погоди и непогоди што во Битола се случиле. Офицерски дом во 2016 годин а пркосеше на продажбата на која беше ставен како безимен објект. Тогаш се слушна гласот на битолчани и за среќа, таа продажба беше повлчена за да пристапиме кон негова реконструкција“, рече министерката.

331972466 887376949207513 1130447418317370772 n

333973903 574208251414420 3489185429080513209 n

 331948292 1653806791746884 114279093556169463 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани