2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Коњановски контра Илиевска-Доброто за граѓаните секогаш на прво место, наспроти личен или партиско – политички интерес

Март 20, 2023

Одговорот на градоначалникот Тони Коњановски на обвинувањата на претседателот на Совет Габриела Илиевска дека нема реализација на изгласаните проекти од Советот на Општина Битола од градоначалникот и општинската администрација,  ви го пренесуваме во целост-

Како градоначалник, во изминатите 16 месеци, тврдам дека воспоставив одлична соработка, како со членовите на Советот на општина Битола, така и со општинската администрација. Во делот на работењето на администрацијата, сакам посебно да потенцирам дека, тоа што било останато со години, како на пример нерешени предмети од 2011 година, сега се завршени само за неколку месеци, за што постојат релевантни статистички показатели. Исто така, тековно се реализираат проектите кои се дел од општинските програми, како на пример, реконструкцијата на 20 улици, други проекти од областа на инфраструктурата, културата, спортот, младите и други области во надлежност на локалната самоуправа. Истовремено, општинската администрација, работи и на подготовка на потребните активности за изготвување на проектна документација за проекти кои ќе се реализираат и во следните 4 години, а во насока на уште поголема ефикасност и ефективност на администрацијата, веќе сме во фаза на реализација на проектот за дигитализација на општинските услуги.

Од друга страна, комуникацијата со Советот, е на толку високо ниво, што на барање на советниците, направена е измена и дополнување во неколку општински програми, каде што се внесени проекти кои ќе нагласам: на иницијатива на советнички групи ќе ги реализира градоначалникот во соработка со општинската администрација.

Имајќи го предвид наведеното, целосно неосновани се било какви обвинувања. Да, за некои проекти потребно беше време да се изготви документацијата, но тоа е така токму поради периодот на пасивност кој претходеше во изминатите 4 години и за многу работи мораше да се почне целата процедура од почеток.

За политичка криза неможам да зборувам, дотолку повеќе што не гледам конкретно изнесен став, околу тоа за какво незадоволство се работи, кои се проектите на кои не е започнато да се работи и кои биле очекувањата, кои не се реализирани? Пристапот на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, преку јавно изнесените ставови, сепак отвора повеќе насоки за размислување, но јас верувам дека сите ние како избрани претставници на народот, ќе продолжиме конструктивно да работиме во интерес на Битола, доброто за граѓаните секогаш ќе биде на прво место, наспроти било каков личен или партиско – политички интерес..

 

Обвинувањата на Илиевска на следниот линк

 https://apla.mk/direktno/

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани