2win800x200

Потрага по француски турист на Пелистер, спасувачите мораа да заминат од крштевка

Јули 15, 2018

Француски турист се загуби на Пелистер, а по него до доцна во ноќта трагаа спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување, дознава Апла.мк. 

Потрагата почна доцна попладнето кога спасувачите мораа да ја напуштат крштевката на ќерката на еден од спасувачите и да тргнат во потрага на Французинот. 
 
"Ја славевме крштевката на мојата ќерка кога добивме дојава дека Французин се загубил на Пелистер. Срипавме сите на нозе и хуманоста, а и обврската да се помогне во таква ситуација,  не натераа да ја напуштивме семејната веселба за да тргнеме во потрага. Го пребаруваме теренот околу Мало Езеро и потрагата продолжува се додека не се најде", рече за Апла.мк, Петар Нолев, планинар и спасувач. 
 
Од четиричлената екипа на спасувачи, сите се членови на Планинарско -спортскиот клуб "Пелистер" од Битола и досега докажани спасувачи во слични ситуации. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани