АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Форд фокус рано изутринава бил опожарен во строгиот центар на градот на паркингот кај комплексот згради „Стара болница“.Станува збор за семејното возило на партиски функционер на СДСМ во Битола, поранешен советник во Советот на Општина Битола.
Според полицијата на 16.07.2017 година во 04,20 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, Г.К.(41) пријавил дека на улицата “Климент Охридски“ опожарено било неговото патничко моторно возило Форд фокус со битолски регистерски таблици. Биле опожарени (делумно оштетени) уште две други возила Тојота јарис и Мерцедес со битолски регистерски таблици, кои биле паркирани покрај неговото возило. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Битола. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Дознаваме дека полицијата има индиции за потпалувачите и нивните мотиви и дека се работи интензивно на овој случајот.