АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициски службеници од СВР Битола денес на симболичен начин го одбележаа Денот на полицијата со посета на Смилево каде се удрени темелите на македонската полција за време на одржувањето на Смилевскиот конгрес 1903 година. Тие го посетија Музејот на Смилевскиот конгрес, положија цвеќе пред споменикот на револуционерите во Смилево, а активности имаше и во Битола со полагање на цвеќе пред споменикот Ангел. Во одбележувањето беа вклучени делегации од началници и полициски службеници од целиот Сектор.
За време на време на прочуениот Смилевски конгрес била формирана првата полициска стража која ги обезбедувала делегатите . Од таму се и корените на Денот на полицијата.