2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Оштетен уште еден споменик од НОБ

Јули 19, 2018

Оштетена е една од спомен плочите поставена на местото на областниот централен бугарски фашистички затвор кај Црн Мост во Битола. На плочата која е скршена на половина стои името на Илиоски Иге од Дрен, прилепско, кој бил стрелан во 1941 година.

Овде биле затворани 250 политички затвореници, учесници во НОВ и Антифашистичкото движење од Македонија. Педесет од нив биле осудени на смрт, 20 на доживотна затворска казна, а останатите на строг затвор до 20 години. 

На 6 септември 1942 година, политичките затвореници успеале  да избегаат од бугарскиот фашистички затвор, а потоа веднаш се вклучиле во завршните операции  за конечно ослободување на Македонија од фашистичка окупација.

Над уништената плоча стои натпис:

„Тие беа камења кремени посилни од јамките крвави, посилни од смртта зашто народот свој го сакаа, зашто за сончевина кренаа рака“

spomen ploca

Ова е втор споменик за само неколку дена во Битола кој е сквернавен. Непознати сторители пред неколку дена ја уништија спомен бистата на народниот херој Панде Кајзеро во дворот на месната заедница на улицата „15 Корпус“. Бистата беше откорната од постаментот, оштетена и турната на земја.

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола го осуди овој чин и побара надлежните да ги откријат сторителите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани