2win800x200

Битолските лекари нема кривично да одговараат за смртта на Јана

Јуни 21, 2023
ОЈО Битола до Апла.мк испрати соопштение во кое стои 
 
Основното јавно обвинителство Битола до семејството на починатата го достави интегрално извештајот од Институтот за судска медицина во кој експлицитно е наведено дека во постапувањето на медицинскиот персонал која го лекувал девојчето на 22.03.2023 година не се содржани елементи на кривичното дело Несовесно лекување болни  од член 207 од КЗ или некое друго кривично дело кое се гони по службена должност. Имено, согласно вештиот наод, утврдено е дека постапките на сите здравствени работници кои биле вклучени во лекувањето биле во согласност со сите правила и начела на медицината. Имајќи го предвид ваквото вештачење кое беше засновано на целокупната медицинска документација, здравствената историја на починатата и наодот од обдукција, како и исказите на испитаните здравствени работници и на родителите, обвинителството достави известување до семејството дека во конкретниот случај нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.
Основното јавно обвинителство Битола останува отворено да ги разгледа сите евентуални иницијативи за дополнителни проверки кои ги најавуваат застапниците на оштетеното семејство, иако до овој момент такви иницијативи не се пристигнати во надлежното обвинителство. Исто така, материјалите врз основа на кои се вршеа сите вештачења се наоѓаат во обвинителскиот предмет и ќе им бидат достапни на оштетените со цел доколку имаат потреба да извршат и независна експертиза.

Битолчани, веќе најавуваат нов организиран протест пред ОЈО Битола за утре во 19 часот, незадоволни од одлуката на Обвинителството.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани