АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во моментов во Рудникот Подински јагленови серии во Суводол при РЕК „Битола“ се случува една од најголемите работни операции која ќе овозможи непречен ископ на јаглен, а со тоа и стабилно производство на струја. Во тек е поместување на транспортниот систем , акција која не е извршена околу триесет години.
„Ова е една од најголемите операции во рудници каде имаме посместување односно трансформација на јаглерновиот систем по 30 години. Со ова ќе имаме можност да дадеме работа на нашите багерски единици, па ќе имаме поголема откривка и поголем ископ на јаглен“, изјави генералниот директор на РЕК Пеце Матевски..
Димитар Петковски директор на Рудници изјави дека ова всушност претставува ремонт на јагленовиот систем кој долги години се наоѓал во оваа позиција, со стара опрема која сега ја заменуваат.
„Ноата опрема е направена со помош на ФОД и наши сили , наши сртедства се одвоени и механизација. Се прави голема работа која ќе дава резултат во следните пет до шест години , непречено ископ на јаглен и јаловина и со тоа ќе се снабдува непречено темоцентралата за проиозводство на електрична енергија“, рече Петковски.
Предвидено е ремонтните активности да траат околу 20 дена, во оваа фаза се потреошени околу 5 милиони евра средства на РЕК за изработка на траси и други делови, а ќе се обезбедат нови траки за системот.