2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Донесувањето на ребалансот на буџетот условено со бројни амандмани

Јули 11, 2023

Со часови траеше раправата по првата точка од денешната седница на Совет на Општина Битола за ребаланс на буџетот за 2023 година, а продолжение закажано и за попланде. Неизвесно е дали ќе помине ребалансот предложен од градоначалникот Тони Коњановски, поднесени се голем број амандмани од страна на советниците. Глaвните теми на сопнување се пренамената на 41 милион денари од проектот за изградба на стационар за бездомни животни во програмата за уредување на градежно земјиште и издвојувањето на дополнителни 30 милиони денари за спортските професионални клубови во Битола.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ И коалицијата сметаат дека со досега издвоените 5 милиони денари ќе се заврши надворешниот дел од стационарот и ќе можат да згрижат 60 кичиња, а профатилиштето ќе почне да работи од октомври. Во овој момент не е решение инвестиција на 46.000.000 денари, колку што првично беа изгласани средства за целосна изградба на надворешниот и внатрешен дел од прифатилиштето, што би значело многу повеќе потрошени средства и уште многу подолг период на чекање, проблеми и опасност за граѓаните.Понатаму, ќе се прави второ прифатлиште за 150 кучиња кое со сегашното што треба да проработи, Битола би имала најголемо профатилиште за бездомни кучиња на Балканот.

Но, советниците од Поинаку регираа дека за проектот кој бил прифатен од Советот, се добило одобрени за градба, се издвоиле средства, сега се пренаменуваат и се кажува дека е економски неисплталив. Исто и СДСМ се противи на повлекувањето на средствата.

Во однос на спортот, Тони Коњановски рече дека 30 милиони денари се потребни за трите професионални клубови фудбалскиот, кошаркарскиот и ракоментниот „Пелистер“ каде Општината е целосен или малцински сопственик, да можат успешно да влезат во следната натпреварувачка соезона.

Советниците од СДСМ и Поинаку коментираа дека се бараат толку средства колку што годинава за спорт биле веќе потрошени што значи промашување во планирањето на буџетот за спорт од сто проценти. Искритикуваа и за „весела математика“ зашто во три наврати од различни инстанци добиле различни податоци за парите што треба да им се платат на клубовите. Иато така дека по клубовите имало на платен список многу лица кои не биле дел од играчите. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека со овие пари всушност се враќаат и долгови во клубовите останати од време на претходната локална власт.

На денешната седница доставени се голем број на амандмани од советниците кои не се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Дел од нив изјавија дека ќе го прифатат ребалансот доколку се прифатат и нивните амандмани. Градоначалникот пак возврати дека можат да бидат прифатени оние амандмани кои нема да ја надминат буџетски зацртаната рамка и за кои ќе има реална основа за да се обезбедат средства. Преложено е да се субвенционира престојот на сите деца во градинките, канализација за Ниже Поле и Дихово, пари за женскиата одбојка во градот и друго.

„Ребалансот на буџетот, 20 дена пред денешната седница, во законскиот рок, беше доставен на разгледување. До денес, не стигна ниту еден предлог до мене како предлагач на ребалансот, за нови проекти, кои советниците сакаат да бидат планирани во програмите, а потоа и во буџетот. Знам дека денес, може да поднесат и 100 амандмани. Битола се уште има многу проблеми за решавање. Но, граѓаните не смеат да бидат залажувани. Секој предлог ќе биде прифатен од моја страна, доколку: ТОЧНО НАВЕДЕТЕ КОЈ ПРОЕКТ ДА НЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ЗА СМЕТКА НА ПРОЕКТОТ КОЈ ЌЕ ГО ПРЕДЛОЖИТЕ, ЗОШТО БУЏЕТСКАТА РАМКА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ НАДМИНАТА. ВО СПРОТИВНО, ЌЕ ИЗГЛАСАТЕ НЕЗАКОНСКИ БУЏЕТ КОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ОДОБРИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ, А СО ТОА ЌЕ ЈА ЗАКОЧИТЕ ОПШТИНА БИТОЛА, ПО ПОВЕЌЕ ОСНОВИ. ДА НЕ СЕ ДОВЕДЕМЕ ДО СИТУАЦИЈА КАКО НЕКОИ ДРУГИ ОПШТИНИ, КАДЕ ИЗГЛАСАА БУЏЕТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА БИДЕ ВЧИТАН“, рече градоначалникот Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани