АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
БИТОЛА – Крвава тепачка со „филмски кадри“ се случила пред четири дена во Битола во која на еден од повредните од силните удари му бил сменет личниот опис. Тепачката се случила во кафеана во близина на железничката станица во Битола, некаде пред полноќ, кога заради нерасчистени долгови, неофицијално, напаѓачите удирале со столици и други алатки кон должниците кои во тој момент вечерале, а еден од нападнатите наводно имал и остар предмет во рацете во обид да се одбрани. Но, без успех. За среќа во кафеаната немало многу гости, масите биле речиси празни.
Од битолската Клиничка болница, официјално за nezavisen.mk потврдија дека им укажале лекарска грижа на двајца од нападнатите, од кои едниот со скршеници се уште е хоспитализиран на одделот за Максилофацијална хирургија, а другиот пуштен дома.
„Примени се двајца пациенти во Клиничката болница во Битола од кои едниот е со полесни повреди и е упатен на одделението за Неврологија, каде бил хоспитализира до 24 јануари, кога бил испратен дома. Додека пак, другиот повреден пациент е примен на одделението за Максилофацијална хирургија со скршеница на вилица и е задржан на лекување в истото одделение. Тој сѐ уште е хоспитализиран“, потврдуваат од прес-службата на боолницата.
СВР Битола го потврдува настанот, а напаѓачите веќе се лишени од слобода.
„Полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.Д.(42), Д.С.(43) и И.Ј.(40), сите од Битола. Тие се сомничат дека на 22.01.2024 околу 22.30 часот во угостителски објект во Битола, поради нерасчистени должничко доверителски односи, физички ги нападнале И.Т.(44) и Н.Ј., двајцата од Битола, при што на И.Т. му нанеле тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, одговорија од Сектор за односи со јавноста на СВР Битола за „Независен“.
(А.Б.) https://nezavisen.mk/krvava-tepachka-za-dolg-vo-bitola/