2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кампањата за претседателските избори почнува на 4 април, а за парламентарните на 18 април

Февруари 15, 2024

 

Претседателот на Собранието Јован Митревски ги распиша претседаелските избори на 24 април и парламентарните избори на  8 мај.
 
 ДИК го усвои роковникот според кој кампањата ќе почне 20 дена пред денот на изборите и не смее да трае 24 часа пред изборниот ден.
 
Изборната кампања за претседателските избори  ќе почне на 4 април на полноќ и ќе трае до 22 април, соопшти Државната изборна комисија.
 
Кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април и ќе трае до 6 мај.  
 

Листите со кандидати за претседател на државата учесниците треба да ги достават до ДИК најдоцна на 19 март. Собирањето потписи за претседателските избори почнува на 23 февруари и ќе трае до 8 март.

Листите со кандидати за пратеници треба да се достават до ДИК најдоцна на 2 април.


Ова ќе бидат седми претседателски и 11 парламентарни избори.
 

Согласно членот 8а од Изборниот законик, од денеска до завршување на изборот на претседател и пратеници во Собранието, како и изборот на Владата, не може да се почне со изградба со средства од буџетот, од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија.

Исто така, не може  да се отуѓува државен капитал или да се потпишуваат колективни договори.

Нема да може да се почне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани