АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синот на директорката на ОУ „Климент Охридски“ Битола, Гордана Анастасова, која е и висок партски функционер во ОО на СДСМ Битола е нововработен во Градската библиотека НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола. Извори од Библиотеката за Апла.мк потврдуваат дека младиот Анастасов од неодмана е вработен како помошник библиотекар со средно образование.
На Анастасова и испративме две пораки дали нововработениот во Библиотеката е член на нејзиното семејство, но досега не ни одговори.
Анастасова, како што неодамна објавивме е меѓу пријавените неколкумина партиски локални функционери на ОО на СДСМ за кандидати за пратеник на следните парламентарни избори. Таа е партиски секретар од април 2022 година по доаѓањето на Драган Крајовски за претседател на ОО на СДСМ Битола.
А.Б