По повод 21 февруари, меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се одржаа работилници под наслов „Јас умеам да мислам на англиски, ама не умеам да чувствувам на англиски јазик“ по цитат од познатиот македонски современ драмски писател Горан Стефановски.
На работилниците, учениците имаа можност да е запознаат со особеностите на македонскиот јазик наспроти останатите јазици. Учениците интерпретираа поезија на македонски јазик и на англиски јазик.
Учениците на кои не им е
мајчин јазик македонскиот јазик, споделија реченици на албански, турски, англиски, германски, шпански јазик со цел да се разбере зошто мајчиниот јазик се нарекува мајчин јазик и која е разликата меѓу говорење и зборување.
Работилниците беа под менторство на Даниела Петровска - проф. по македонски јазик, Ирена Димовска - Митровска - проф. по англиски јазик и Биљана Димко - проф. по македонски јазик и библиотекар.
Објавено од А.Б