АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Методија Илиевски е вториот кандидат за пратеник од Битола на листата на СДСМ и коалицијата за Петтата изборна единица. Илиевски е на седмото место на листата која ја предводи актуелниот собраниски спикер Јован Митрески, а коносител ќе биде потпретседателката на СДСМ и министер за култура, битолчанката Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Илиевски е во Социјалдемократскиот сојуз уште како младинец, во три мандати советник во битолскиот Совет, а во досегашната политичка кариера се наметна во јавноста како конструктивен критичар на власта, без оглед дали неговата партија била на власт или во опозиција.
Објавено од А.Б