2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Нема Б еколошка дозвола за каменоломот, градоначалничката Петровска вторпат одбила да го потпише барањето на концесионерот

Септември 11, 2018

Градоначалничката на Општина Битола повторно донесе решение со кое се одбива барањето за Б интегрирана еколошка дозвола за работа на каменоломот во близна на Битола. Вака одговори Наташа Петровска, на прашањето на независната советничка Габриела Илиевска, на седницата на општинскиот Совет, одржана на 27 август годинава.

-Дали е точно дека во Општина Битола има пристигнато решение од Мнистерство за животна средина кое го укинува негативното решение донесено од Општина Битола, во врска со каменломот? И што ќе преземете?, праша Илиевска од говорницата во Советот.

Сепак, Министерството за животна средина не го укинало решението на градоначалничката Петровска, туку второстепен орган го вратил на повторно одлучување во Општина Битола. Петровска  во писмениот одговор наведува дека таа  повторно  го одбила  барањето за издавање Б еколошка дозвола.

„Во моментот на поставување на советничкото прашање, беше пристигнато решение од второстепен орган со кое се врати на повторно одлучување решението кое го донсе градоначалничката на Општина Битола со кое не беше издадена интегрирана дозвола за каменоломот. Во меѓувреме,  во законски рок, градоначалничката на Општина Битола повторно донесе решение со кое се одбива барањето за Б интегрирана еколошка дозвола за работа на каменоломот во близна на Битола“, пишува во одговорот  Петровска.

Уште во 2016 година, битолчани жестоко се спротиставија на изградбата на каменломот за експлоатација на гранит кај месноста Билбил Камен, на само еден километар од Битола, стравувајќи дека доплонително ќе се загади животната средина. Под притисок на граѓаните, невладините организации, екологистите, во јуни 2017 година и поранешната локална самоуправа го одби барањето на концесионерот „Стентон ДОО“  за издавање интегрирана Б дозвола за експлоатација на минерални суровини кај месноста Билбил Камен над Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани