АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани од денеска добија своја Balans+ Зона на Тумбе кафе донација од битолската млекарница „Бимилк“. Новото место за спорт и рекреација на Тумбе кафе е значаен придонес на млекарницата за своите корисници и чекорите за подобрување на нивниот живот и условите во општеството, преку помагање на спортот, културата, едукацијата на младите и грижата за сите категории граѓани.
-Горда сум да ја најавам и да ја отвориме оваа втора по ред Balans+ Зона, за којашто добивме согласност од Општина Битола да го возобновиме спортско- рекреативното катче на Тумбе кафе, коешто верувам дека нам битолчани ќе не поттикне и ќе допринесе за редовен спорт и рекреација на оваа локација. Како компанија „Бимилк“ има цел да ги мотивира граѓаните на редовни и здрави навики и поттикнување на здравиот начин на живот. Верувам дека оваа зона на Тумбе кафе и донирањето на оваа Balans+ Зона сите нам ќе не мотивира на здрав начин на живот, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во „Бимилк“ на отворањето на зоната во Скопје.
Денска на Тумбе кафе се искачи и градоначалничката Наташа Петровска , откако претходно Советот на Општина Битола едногласно ја прифати одлуката за примање на донација во вид на опрема за фитнес-зона на подрачјето на општина Битола од Млекара АД Битола.
-Ова е место каде битолчани често рекреираат ги поминуваат утринските и попладневните часови , се радувам што Бимилк ги препозна потребите на битолчани и овозможи овој простор да се оплемени , да се освежи да за можат битолчени да ги изведуваат свооите рекреативни активности. Убедена сум дека со вака оптествено одговорна компанија како Бимилк сигурно и во иднина ќе имамае длабока соработка токму во итресе на задоволување на граѓаните во насока на здрав живот, рече градоначалничката Наташа Петровска.