ОК на ВМРО ДПМНЕ обвинува дека претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска незаконски и спротивно на подзаконските акти, тргнала точка од дневен ред за седницата на Советот на Општина Битола, закажана за 26 август. Точката се однесувала на Одлука за донесување на Урбанистички проект за компанијата "EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола" која планирала нова инвестиција во Битола и нови вработувања.
ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола на Фејсбук обвинува:
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата денес поднесе дополнителна точка на дневниот ред на закажаната седница на советот на општина Битола за 26.08.2024 година
- Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелата за објект со намена 2.6 - згради од индустрија за бела техника, електротехника и предмети за домаќинство - фабрички комплекси, индустриски работилници, хали за монтажа, складови, топлани, генераторски станици и слично на КП 17556/15, КО Битола 5, Општина Битола, од градежна парцела ГП 26 од ДУП за "Дел од работна зона локалитет Фрижидери", Битола.
На одржаната координација на советничките групи на 19.08.2024 година од страна на претседателката на Советот на општина Битола, незаконски и спротивно на подзаконските акти, точката беше тргната од дневен ред за седницата на Советот на општина Битола.
За интерес на пошироката јавноста се работи за компанијата "EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола" која планира нова инвестиција што ќе донесе нови вработувања во општина Битола и подобра иднина за сите граѓани на Битола.
Локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и нема да дозволи поединци во советот на општина Битола да работат против граѓаните, објави ОК на ВМРО-ДПМНЕ .
На ова реагираше претседателката на Советот Габриела Илиевска која вели дека за случајот исклучиво има надлежност за постапување и одлучување градоначалникот на Општина Битола.
Илиевска на Фејсбук возвраќа со нејзино образложение и се заканува со „суд за ширење на лаги“.
Почитувана битолска јавност сакам да Ве известам за следната ситуација,
Ок на Вмро Дпмне Битола и координаторот ја манипулираат јавноста и инвеститорите.
Предлог барањето за точка на дневен ред кое беше повлечено беше објаснето и образложено пред сите координатори.
За истото исклучиво има надлежност за постапување и одлучување Градоначалникот на Општина Битола.
Ваквата надлежност на Градоначалникот е предвидена со членот 58 од Законот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр.32/2020 и бр.111/2023 ). Советите на општините на ЕЛС и на Градот Скопје согласно членот 20 од истиот овој закон се единствено надлежни за донесување на детален урбанистички план и генерален урбанистички план, но не и за урбанистички проекти. Во член 2 од истоимениот закон, исто така во точите 53 и 54 е точно дефинирано дека урбанистички план и урбанистички проект се два различни документи.
Заради тоа ги повикувам јавно да ги повлечат клеветите и лагите бидејќи понатаму ќе се соочат со законски мерки и суд за ширење на лаги.
На крај
Советот има 31 советник, мојот глас е еден, доколку некој смета дека треба да исполнува незаконски барања на Вмро и Градоначалникот слободно тоа можи да си го направи.
Советничката група на Поинаку, секогаш ќе поддржи проекти за развој на градот, ама лажни вести нема да премолчи!, пишува Илиевска.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Бојан Бојкоски возвраќа дека Илиевска не ја знае постапка што го засега случајот поврзан со странскиот инвеститор, па на Илиевска и пишува дека вистината е една.
Претседателката на Советот на општина Битола со вообичаена за неа манипулативна објава на Фејсбук, ме обвинува дека јас ја "манипулирам" јавноста, но вистината е ЕДНА и ЕДИНСТВЕНА и таа на крај секогаш е јасна и болна!
Жалам што претседателката не го знае "Прирачникот за начинот на водење на постапка за изготвување и одобрување на урбанистички проект со план за парцелизација"
“По доставеното позитивно мислење од комисијата за урбанизам, Градоначалникот доставува - Одлука за донесуваье на план за парцелација составен дел на урбанистички проект со план за парцелација до Советот на општината односно општината која го донесува планот за парцелација на првата наредна седница”.
Во прилог дел од прирачникот, пишува Бојкоски