2win800x200

Почина новинарот Менде Младеновски

Август 27, 2024

Опелото и погребот на новинарот Менде Младеновски ќе биде утре на 29.08.2024 во 12 часот во Храмот Св. Недела и Светонеделските гробишта, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во храмот Св. Недела од 10 часот. 

 

 

По кусо боледување денеска почина Менде Младеновски (1955-2024), долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“. Неговиот придонес во македонското новинарство е огромен, а меѓу колегите ќе остане запаметен како голем професионалец во новинарството кој целиот свој работен век му го посвети на „Битолски весник“.

 

Тој беше долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ и секогаш се залагаше за почитување на највисоките професионални стандарди во новинарската професија воопшто. Остана активен во новинарството до последните денови. Колумните на Младеновски се поместени во неговите авторски книги „Во прво лице“, во кои ги изнесуваше своите видувања и анализи за актуелните национални, регионални но и локални теми.

За својата новинарска посветеност и професионализам добитник е на бројни награди и посебни признанија од Здружението на новинарите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани