АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Викендов битолската музичка група „Боеми“ со песна и оро ја крена Словенија на нозе на гостувањето, на покана на нашите иселеници. „Боеми“ гостуваа во Мурска Собота и Марибор. Македонците кои живеат во Словенија и Австрија претежно битолчани поминаа незаборавен викенд што може да се види и од видеото кое го постираше нашиот амбасадор во Љубљана.
Гостин во Марибор бил и нашиот истакнат културен работник и ветеран на КУД „Илинден“ Битола, Валентин Соклевски кој мекам водеше оро и ја вжешти атмосферата во Марибор.
Во Мурска Собота на македонскара вечер присуствувале и министерот за регионален развој на Словенија Александер Јевшек како и нашиот министер за локална самоуправа Златко Перински заедно со градоначалникот, македонскиот амбасадор и почесниот конзул во Словенија.
Тони и Васето Тосковски поранешните сопственици на ресторан „Грне“ на плоштадот „Магнолија“ допатувале од Виена да присуствуваат на забавата. Тие велат дека дружењето со нашинците е непроценливо, а особено забавата со „Боеми“ и затоа не сакале да го пропуштат овој настан. Тие денес живеат во Виена и водат успешен бизнис од угостителството.
А.Б