2win800x200

СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ има услови да прерасне во регионален центар за стручно образование

Ноември 29, 2024

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во посета на Општина Битола оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски, на која се зборуваше за прогласувањето на  СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во регионален центар за стручно образование, како и за унапредувањето и зајакнувањето на образовните процеси во училиштата во Општина Битола.

При посетата на училиштето министерката истакна дека ова училиште е најсоодветно за регионален центар во регионот Пелагонија, а со тоа и дека по извршените анализи за овој регионален центар ќе се определат струките и профилите, а врз основа на добиените сознанија ќе се пристапи и кон инфраструктурни средувања на училиштето и соодветно опремување на истото.

 „Овој процес ќе потрае, но со најголемо задоволство им соопштувам на јавноста дека ова е еден од вкупно осумте регионални центри кои треба да се заокружат до 2027 година. Веќе се оформени регионални центри во Охрид и Куманово, во Тетово е сеуште во изградба и досредување на инфраструктурата. Истото ќе се случи и во Битола, овој регионален центар ќе биде модерен, современ и во корист на сите граѓани од овој регион“ рече во своето обраќање министерката Весна Јаневска, додавајќи дека на овој начин се овозможува учениците кои работат и учат во овие центри да се стекнат со високи компетенции со што ќе можат да се вработат во својата држава во својот регион, а со тоа да придонесат за свој личен успех и успех во нашата татковина.

Ministerka 2

На средбата свое обраќање имаше и градоначалникот Тони Коњановски, кој најпрво заблагодарувајќи и се на министерката за образование и наука за нејзината посветеност и заложба за прогласувањето на СОТУ„Ѓорги Наумов“  како регионален центар за стручно образование во регионот согласно потребите на Општина Битола и бизнис секторот.

 „Да направиме нешто повеќе за нашата заедница, за стручните кадри кои недостасуваат, да ги задржиме младите тука, а пред се да им дадеме квалитетно образование. Бидејќи образованието е приоритет на локалната самоуправа, правиме се за да го подигнеме на повисоко ниво, катаднево работиме на подобрувањето на условите преку програмите за реконструкција и изградба на нови спортски сали, поставување на фотоволтаици.  “ додаде градоначалникот, заблагодарувајќи се за подршката која Министерството за образование и наука ја дава на Општина Битола.


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани