АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новиот директор на НП Пелистер Битола, Иванчо Тошевски со ентузијазам го почна мандатот - забележуваат планинари вљубеници во Пелистер. Посетителите на Националниот парк забележуваат промени и пред домот Копанки кој е во изградба и пред Инфоцентарот...
Тошевски вели дека иако е рано за поголеми видливи промени сепак со вработените на НП Пелистер работат на исполнување на плановите за позитиви промени и решенија во сите аспекти од работењето на паркот.
-За првите направени чекори во Националниот парк Пелистер во првите 10 дена. Поставивме 12 нови клупи на платото Копанки и Марково копито, извршена е санација на кровот на управната зграда, партерно е уреден Инфоцентарот на НП Пелистер и се отпочнати активности за приклучок на вода. Реализирана е активност „Твоето време е твојот инпакт” со НВО Сфера Интернешенал во насока на подигнување на јавната свест за чиста околина, и активно се вклучивме во расчистување на патот с. Магарево до хотелот Молика, после обилните врнежи од снег. Ова се почетнички чекори, но за нас многу важни поради поддршката од Општина Битола, јавните претпријатија АД ЕСМ и голем број на приватни стопанственици и локално население. Изразуваме голема благодарност до сите Вас за поддршката, а во пресрет на новогодишните празници Ви најавуваме дека следат нови содржини“, вели Иванчо Тошевски директор на НП Пелистер.