2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Критиката ни е неопходна како воздух, рече театарскиот критичар Иван Додовски на промоцијата на неговата книга „Малo фолио за театар“

Октомври 13, 2018

„Театарската критика е непосакувана, живееме во општество кое го анатемиса критичкиот дискурс и за жал, тоа отсуство на дијалог и критчко размислување создава ситуација во која не можеме креативно да размислуваме и да наоѓаме решение како заедница. Се надевам дека ова книга ќе биде потсетување дека критиката ни е неопходна како воздух“, рече проф. д-р Иван Додовски, на промоцијата на неговата книга „Мало фолио за театар“ ,во која на 358 страни  се собјавени театарски критики и теaтролошки студии, кои авторот ги пишувал во изминатите 25 години, а голем дел се однесуваат и на развојот на театарот во Битола.

-За жал, таму каде што нема критичко промислување лесно може да се случи стагнација. Не велам дека нема никакви вредности, но жално е што токму тие вредни работи што се создаваат не можат да бидат потенцирани, издвоени и запаметени како традиција за иднината. Мислам дека крајно време е да сфатиме дека вложувањето во културата, критичкото размислување за културата е основен услов за да создаваме вредност, да го издвоиме доброто од помалку доброто. Не може да важи онаа максима дека наводно публиката не сака серизона драма или значајни ангажирани театарски форми. Напротив во прашање е потребата да се негува таквиот вкус и публиката секогаш ги прифаќа вистинските вредности на сцената. Дури кога е некоја најпровокативна, жестока и сериозна драмска форма во прашање, публиката знае тоа да го препознае. На сцената се е соголено и вистината одекнува најсилно, рече Додовски.

Промотори на ова издание беа актерот и директор на НУ Народен театар-Битола, Иван Јерчиќ и режисерот Владимир Милчин, кој посочи дека театарот и воопшто културата се поставени на работ на општетсвениот интерес.

-Не пред многу години театарската критика имаше огромно влијание и врз театарот, но и врз публиката, затоа што театарската критика го фокусираше вниманието на јавноста на она што се случува во театарот, а денес веќе не е така. Тоа укажува на тоа дека прво ни се разниша или се промени приоритетот на интересот на медимуите. Ние до таа мера сме опседнати со полтиката, што не само тетарот туку и културата ни е отидена настрана, на периферија, на работ на општествениот интерес, заборавјаќи при тоа, доколку нема силна култура, ако немаме театар, ако немаме општествено влијание на она што се случува во театарот, ние имаме политика која е далеку полоша од онаа што би можела да биде. Затоа таа критика ние потребна и затоа оваа книга е исклучително важна, рече Милчин.

„Мало фолио за театар“ од Иван Додовски содржи предговор, четири поглавја, прегледна театрографија и биографија на авторот, како и исцрпен индекс на имиња. Четирите поглавја се однесуваат на театарски критики, студии и осврти, записи од фестивали и интервјуа, кои авторот ги пишувал од 1993 година до денес. Собраните текстови, од кои некои за првпат се објавуваат во оваа книга, се однесуваат на најзначајните личности, појави и процеси во областа на драмата и театарот во независна Македонија и во  Битола. Со оваа научна публикација се одбележува неговиот значаен јубилеј - 25 години театролошка работа и со неа проф. д-р Иван Додовски на вистински начин го афирмира и му се оддолжува на својот роден град Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани