2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За две недели Битола ќе добие полигон, тврдат од Сообраќајниот испитен центар во Битола

Ноември 29, 2018

До средината на декември годинава, Битола ќе добие полигон за практична обука и полагање на практичен тест на идните возачи од нашиот град и регионот.  Зоран Кузмановски, управител на Сообраќајниот испитен центар ``АМ`` ДООЕЛ- Битола за апла.мк изјави дека проектот  за полигонот  е завршен и за десет од петнаесет дена ќе се изгради и полигонот. Локацијата на полигонот е одредена во близина на селото Долно Оризари и според Кузмановски тој ќе се простира на површина од 5 илјади квадратни  метри.

 

-Полигонот е завршен како проект, се чека да стаса еден документ од Влада, којшто пред некој ден помина на владина седница. Документот  се однесува за доделување на земјиштето каде ќе биде лоциран полигот од владение на државата Р.Македонија на Општина Битола. Значи од вторник или среда идната недела почнуваме со градежните работи за изградба на полигонот кои ќе течат многу брзо. Полигонот ќе биде направен, тврди Кузмановски во изјава за апла.мк.

Според него полигонот ќе го гради општината, а Сообраќајниот испитен центар ќе даде донации за негова реализација.

Испитниот центар во Битола под капата на Сообраќајниот испитен центар ``АМ`` ДООЕЛ- Битола, работи веќе четири години.  Кузмановски вели дека за проблемот со полигонот разговарал и со првите луѓе на Министерството за внатрешни работи, по што ги запознал со ситуацијата.

Инаку на прашањето дали Испитниот центар ќе се затвори доколку полигонот не се профункционира до крајот на овој месец, Кузмановски вели дека тоа би било така  само под услов да не била воопшто покрената постапка за негова изградба.

-Сега поспатката е почната  законски со сите процедури  што значи ограничувања нема, полигонот  ќе се изгради за петнаесеттина дена, вели Кузмановски.

Битола остана без полигон за полагање возачки испит, откако Секторот за управно-надзорни работи при МВР во 2013 година донесе решение за забрана за користење на теренот поради неисполнување на пропишаните стандарди. Решението беше донесено на 15 мај истата година. Оттогаш испитните центри немаат каде да го одржуваат практичниот дел од испитот. Пет години инструкторите и кандидатите возат до полигоните во соседните градови.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани