2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Погледнете како изгледа новиот полигон во Битола (видео)

Декември 22, 2018

Изграден е новиот полигон за полгање на практичниот дел од возачкиот испит во Битола. Тој е донација од Сообраќајниот испитен центар „АМ ДООЕЛ- Битола“, земјиштето на кое ќе биде сместен, на излезот од градот кај населбата Горно Оризари, е во сопственост на Општина Битола, а со него ќе управува јавното претпријатие „Нискоградба“.

Полигонот деновиве беше асфалтиран и обележан. .
{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=g3Yqq_ImHwI{/YouTube}
 
Зоран Кузмановски од Испитниот центар за Апла.мк изјави дека тим од МВР веќе направи увид врз полигонот, направија записник за одобрување, па од понеделник очекуваат и официјално да го добијат одобрението од МВР. По ова, полигонот ќе биде пуштен во употреба најверојатно неколку дена пред Нова година. 
 
Со ова ќе се реши петгодишниот проблем со кој се соочуваше Битола. Градот остана без полигон во мај 2013 година, кога МВР го забрани користењето на постоечкиот поради неисполнување на стандардите. Така, битолчани пет години практичниот дел од испитите за возачи го полагаа во Прилеп и Ресен. 48428125 545925025883373 2238200916433960960 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани