АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И на Бадник е топ во Ски центaрот Нижеполе. Ски патеката и околните терени се полни со скијачи и други љубители на белите спортови и планината. Меѓу гостите има дечиња од неколку години кои за првпат застануваат на скии, до повозрасни гости кои искусно скијаат. На паркингот има и возила со скопски регистрации што укажува на тоа дека и скопјани скијат на Пелистер. Оние посетители кои не знаат да управуваат со скии, уживаат санкајќи се.
„Службите цела ноќ работеа на патеката. Таа е корегирана по ноќното скијање и подготвена ги дочека денешните скијачи. Двата лифта се во функција, на долниот лифт се понеискусни скиори, а на горниот поискусните. Среден е и делот каде што се санкаат децата.Стрежево без оглед дека се празници ќе работи и ќе излезе во пресрет на љубителите на белите спортови. И ќе работиме и ќе бидеме во функција за празниците“, вели Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“ кое стопанисува со Ски центарот Ниже поле.
Ноќното скијање продолжува вечер и утревечер на задоволство на битолчани и туристите дојдени од околните градови, па дури и од Скопје.