2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ПЕТРОВСКА ЈА ПЛАТИ И ВТОРАТА РАТА ОД КРЕДИТОТ НА ТАЛЕСКИ

Февруари 12, 2019

Општина Битола деновиве ја отплати втората рата во износ од 7.866.783 денари, од кредитот кој што беше земен од Светска банка од претходната локална власт.

„Со оваа исплата за само шест месеци,заедно со првата рата во вредност од 7.840.623 денари, општината покрај тековните обврски, успеа да исплати вкупно 15.707.406 денари, или над 253.300 евра“, соопштија од Општина Битола.

 

Ова е кредитот што Талески и тогашната локална власт го подигнаа од Светска банка за изградба на водоводна и канализациона мрежа во касарната.

„Кредитот, со кој што претходната локална самоуправа и тогашниот градоначалник ја задолжија општината, а со тоа и граѓаните, е во износ од 155.883.097 денари, односно над 2,5 милиони евра. Тоа значи дека граѓаните на Општина Битола во наредните 10 години, ќе треба да го враќаат кредитот од Светска банка“, додаваат од Општина.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани