2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Под силно полициско обезбедување од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира доверливиот изборен материјал

Април 18, 2019

Под силно полициско обезбедување денеска во раните утрински часови од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола почна транспортот на довериви изборен материјал до сите 80  општинските изборни комисии за првиот круг од Претседателските избори што ќе се одржат во недела на 21 април, а дистрибуцијата ќе заврши до крајот на денот.

kiro dandaro

-Нашаите екипи, членовите на ДИК го подигнаа материјалот и се упатија кон своите дестинации за да го достават до Општинските изборни комисии. Од аспкет на подготовка на материјалот досега се одвива се беспрекорно и се надеваме дека во недела ќе немаме никакви проблеми, барем што се однесува на квалитетот и изработката на гласачкиот материјал, изјави Оливер Дерковски, претседател на ДИК.

kiro 2

Гласачкото ливче ги содржи знамето на државата, редните броеви на кандидатите, нивните имиња и презимиња и симболите на политичките партии кои дале согласноста за тоа. На гласачкото ливче нема други дотатоци, како што се шпекулираше во некои медиуми, велат од ДИК. Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола велат дека целокупниот гласачки материјал има висок степен на заштита.

kiro3

-Безбедноста е на највисоко ниво, а ливчињата имаат 21 заштита, една повеќе од претходните гласачки ливчиња.  Не е можно да се фалсификува ниту едно ливче, оригиналните записници се направени на заштитна хартија, која не може да се копира, со генерирани податоци за секое избирачко место. Целиот процес се одвиваше со забрзано темпо бидејќи рокот беше многу краток, за 5-6 дена беа завршени сите ливчиња со печатење, нумерирање, пакување, уште два три дена ни одзедоа записниците и се се заврши како што треба, рече Драги Милошевски, директор на печатницата„ Киро Дандаро“  во Битолаkiro4

 

Право на глас на овие Престедателски избори имаат 1.808.131 гласач, кои ќе гласаат на 3480 избирачки места во државата. Избирачките одбори веќе се на пат кон 32 дипломатско конзуларни претсавништва во дијаспората, каде се пријавиле 1782 гласачи, кои ќе гласаат во сабота. Во сабота ќе гласаат и 3583 болни и немоќни лица, 1600 затвореници и 7 раселени лица.

derkovski

dragi

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани