2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Најголема излезност во центарот на Битола, а најмала во селата Раштани и Граешница

Мај 05, 2019

По избирачки места најголема излезност во Битола до 15 часот е регистрирана во централното градски подрачје, Ушици, Триаголникот, а најмала на едно избирачко место во месната заедница „Димитар Влахов“ и селата Раштани и Граешница.

 

Според податоците објавени од ДИК, до 15 часот најголема била излезноста на гласачкото место 59 во Основното училиште „Кирил и Методиј“. Таму до 15 часот гласале 50,44 проценти од гласачите со право на глас. Второ по одзив на гласачи е гласачкото место 72 во Музичкото училиште каде гласале 47,40 проценти од гласачите. На трето место по излезност е избирачко место 34 во Основно училиште „Даме Груев“ со 46,37 проценти излезност. Потоа следуваат гласачко место 43 во Управа за пазари, па 38/1 во ОУ „Тодор Ангелевски“ каде гласаат жители од Ушици.

Од битолските села до 15 часот најголема излезност имаше во селата Драгарино со над 49 проценти од гласачите и во Драгожани со 47,17 отсто.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани