2win800x200

Паркирањето во градот е бесплатно, преоден период додека општината не го преземе во целост „Градски паркинзи“

Јуни 24, 2019

ППЈЛП Битола од 24.06.2019 година започна да стопанисува и да управува со паркинг просторот во градот. Во овој преоден период, паркирањето во градот ќе биде бесплатно за сите граѓани, изјави денеска директорот на јавното претпријатие Зоран Дојчиновски.

-Некои прашуваат што со вакум просторот кој што ќе се јави, не би рекол дека е вакум простор туку преоден период во којшто е потребно да се извршат некои технички примопредавања меѓу двата субјекта. Некои работи се поврзани со законите и најбрзо што може ќе ги решиме работите за десетина до дванаесет дена. Сега паркингот е бесплатен и не гледам причина за создавање на хаос во паркирањето, рече Дојчиновски. 

зоран 1

Според Дојчиновски целта на формирање на претпријатието  е да понуди поквалитетно решавање на системот на ортанизирање на паркинг просторот во градот. Тоа значи дека мора да се надминат воочените технички пропусти и недостатоци.

-Нашата главна задача е да понудиме квалитетни услуги по цени кои нема да бидат на штета на граѓаните, а од друга страна ќе овозможат нормално функционирање на претпријатието.

Во овој период од страна на ЈП се работи на префисаклизација на фискалните апарати, преминување на специјалниот број во своја сопственост, како и отворање на постапка за набавка на опрема за работа на паркинг системите.На терен, веднаш ќе преземеме мерки за санирање на постоечката состојба со паркинг просторот и нејзино воспоставување во функција. ЈП ги има подготвено сите правилници и планови за работа како и актите за внатрешна организација и систематизација. Во тек е постапка на нивно одобрување од страна на министерството за информатично општество, рече Дојчиновски.

Воедно ќе ги испочитуваме сите законски акти и прописи кои се однесуваат на законското работење на претпријатието, посебно на законите кои се однесуваат на јавните набавки и во делот на законот за јавна администрација, рече тој.

-Во делот на вработувањата како ЈП влегуваме во законот за јавна администрација каде има одредени правила и прописи.  Во моемнтот кога ќе ја добиеме систематизација ќе ги објавиме огласите за прием на работници. Доколку ги исполнат  услови ќе имаат предност за вработување и некои од досега вработените во паркинзи, рече Дојчиновски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани