2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СЕ КОНЗЕРВИРА МИНАРЕТО НА ЈЕНИ ЏАМИЈА

Јули 26, 2019

Се конзервира минарето на битолската Јени џамија високо околу 40 метри. Проектот и надзорот се на битолски Завод и музеј, а средства се обезбедени од Министерството за култура. Поради висината на минарето, околу него се монтира скеле кое треба да овозможи безбедност за работниците кои ја изведуваат конзервацијата.

 „Стручниот тим даде решенија и насоки за реализација на конзерваторските зафати врз основа на претходни истражувања, анализи на материјали што се користеле и врз основа на претходно одобрен проект. Дадени се насоки кои материјали се најсоодветни да се искористат за минарето да го задржи автентичниот изглед. Кога се градежни работи во прашање, не можеме со сигурност да кажеме кога ќе бидат завршени, но мислам дека до крајот на годината ќе се заокружи комплетната конзервација на минарето“, рече директорката на Завод и музеј Мери Стојанова.

За конзерваторските зафати на Јени џамија, Министерството за култура годинава издвои 700 000 денари, а се користат и средства останати од претходната година.

Интензивно се работи две години и на конзервација на мобилијарот внатре во џамијата и сликаријата. Реставрацијата на Јени Џамија се изведува во континуитет веќе неколку години, а претходно имаше и археолошки истражувања. Министерството за култура во изминатите две години, како што вели директорката на Завод и музеј Стојанова, редовно издвојува средства за конзервација на џамијата. Фасадата е рестраврирана и конзервирана, а поставен е и стаклен под во внатрешноста, како и натстрешница надвор над ископаните темели од црква веднаш до ѕидот на џамијата. Во зависност од висината на средства кои ќе бидат доделувани од Министерството за култура во иднина ќе зависи динамиката на заокружувањето на процесот.67195463 352558958970042 5531990586749353984 n

 Јени џамија е еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола, останат од 16 век. Долги години се користеше како галерија. Археолошките истражувања покажаа дека Јени џамија крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, а се смета дека едната од нив е некогаш најголемата црква во центарот на Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата беа пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на Богородица во молитва. За највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

Кога ќе заврши комплетно конзервацијата на џамијата и таа ќе биде ставена во функција, објектот ќе претставува место каде ќе се преплетуваат времињата, културите и религиите, ќе го покажува космополитискиот и мултикултурниот карактер на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани