2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Филмот ,,Болка и слава" на Педро Алмодовар ќе го отвори ,,Манаки"

Септември 05, 2019

Новото филмско ремек дело ,,Болка и слава" на познатиот режисер Педро Алмодовар ќе го отвори годинешното 40 издание на Фестивалот ,,Браќа Манаки" што започнува идната сабота во Битола

 Ова е филмот за кој организаторите на ,,Манаки"рекоа дека бил според нив, морален победник на Филмскиот фестивал во Кан и за кого награда за најдобра машка улога доби Антонио Бандерас. 

За што поголема публика да го види филмот ќе има две проекции. 

„Веднаш по официјалната проекција, по отворањето на фестивалот, за публиката во Битола обезбедувме уште една проекција на филмот. За граѓаните на Битола се обидуваме секоја година да имаат свое место и да го почувствуваат бидејќи дегутантно ми е тоа кога ќе чујам ‘еј вие, скопјаните, доаѓате и ни го правите фестивалот во Битола’. Навистина не би сакала повеќе така да се размислува, ова е заеднички фестивал и повеќето од екипата се луѓе од Битола“, рече Гена Теодосиевска, директорка на „Браќа Манаки“.

Познатиот шпански кинематографер и прв пријател на на Педро Алмодовар, Хозе Луис Алкајне ќе биде специјален гостин на 40 јубилејно издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.Покрај него, ќе гостива и врвниот ирски сценарист и режисер Џим Шеридан кој ќе биде висок претставник на Европската филмска академија на ,,Манаки".

Тој во Битола ќе остане од 14 до 19 септмеври. Бил повеќе пати номиниран за Оскар, но не го добил, сепак актерите од неговите филмови го освојувале. Познат е по филмопвите „Во името на таткото“, „Моето лево стапало, „Боксер“, „Поле“, автобиографскиот филм „Во Америка“ , „Куќата на сништата“...

Во главната програма за наградите Златна, Сребрена и Бонзена камера 300 ќе се натправруваат 12 филмови, избрани од три фестивали, седум од Канскиот, три од Берлинскиот и два од Карлови Вари. 

Селекторот Благој Куновски -Доре најави дека на филмското платно во Центарот за култура ќе бидат прикажани филмовите „Бедници“ од Франција, „Езерото на дивите гуски„ застрашувачка хроника на современото кинеско општество со гангстерското подземје, „Бикот„ на младиот руски снимател од прославената Московска академија Глеб Филатов, кој ќе биде гостин во Битола. Потоа, италијанскиот филм „Пирани“, еден од подобрите филмови од Берлиналето, па победникот „Синоними“ во кој е прикажан животот на млад Израелец кој беа од Париз за да најде нов излез, „Свиркачите“ од Романија, „ Жалиме што ве промашивме“ преку кој е претставено британското општество кое се соочува со полседиците од бегзит, „Ајка“ на коменатограферката Јоланта Дилевска, наградувана на фестивалот во Битола, а овој пат во него ја снима животната приказна на емигрантка која се бори за гол живот во Москва и други.

Фестивалот на 21 септмеври ќе биде затворен со филмот „Приказни во слики“ на Роберт Јанкуловски што всушност претставува негово најново истражување за браќата Манаки.

Директорката Гена Теодосиевска на Владата за следните изданија им порача да обезбеди барем две сигурни линии за патување со воз до Битола додека се во тек фестивалските денови зашто има многу љубители на филм кои сакаат да дојдат, а не можат поради финансии.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани