2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Завршува 40. издание на „Браќа Манаки“-Златна камера 300 за животно дело на Јоргос Арванитис и награди за најдобрите кинематографери

Септември 21, 2019

 

На свеченото затворање на јубилејното 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ беа доделени традиционалните награди „ Златна камера 300“, „Сребрена камера 300“, „Бронзена камера 300“, „Мала камера 300“. Одлуката ја донесе жири во состав: Ед Лакман, Калојан Божилов, Доминик Велински, Фејми Даут и Ненад Дукиќ.

Златна камера 300 доби кинематограферка Хелен Луварт за филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“.

-Поради суптилното користење на боите и силните композиции кои ги откриваат емоциите на ликовите и не’ приближуваат до приказната. Хелен Луварт маестрално ни ги покажува можностите на кинематографијата и нејзината психолошка моќ за раскажување приказни, сметаат членовите на жирито.

Наградата во име на Хелен Луварт ја прими Ерик Готје, нејзин доглогодишен пријател и колега.

-Се разбира јас не сум Хелен Луварт, се пошегува Готје. Таа во моментов треба да е во Хрватска, се обидов да ја добијам на телефон, но и беше исклучен сигурно снима, но многу сум среќен за неа. Таа е храбра жена, исклучителна кинематограферка која е храбра и се бори не само за жените кои се нејзини колешки, туку и за уметноста. Знам дека би била многу среќна. Не знае дека сум тука и дека ја примам наградата во нејзино име. Му благодарам на жирито, но длабоко му се заблагодарувам на мојот пријател Ед Лакман, рече Готје.

Кинематограферот Џинсонг Донг ја доби „Сребрената камера 300“ за филмот „Езеро на дивите гуски“ поради, како што подвлекуваат од жирито, „ квалитетот на фотографијата, постигнат преку светло и бои, особено во ноќните сцени. Моќна стилизација на фотографијата и кошмарниот свет на ликовите кои ја збогатуваат приказната“.

Кинематограферот на филмот „Пирани“, Даниеле Ципри е добитник на „Бронзена камера 300“ поради устроениот натуралистички пристап, силата на кадрирање и светлото заедно со глаткото движење на камерата, а на Јоланта Дилевска, кинематографер на филмот „Ајка“ и е доделено посебно признание поради интуитивната употреба на камерата- пристап кој и визуелно и драматуршки ја изразува емоцијата на главниот лик.

-Не можев да допатувам во Битола да бидам вечерва со вас бидејќи го снимам мојот нов филм во Калабрија, но навистина многу ми е драго што ја добив оваа награда и многу сум благодарен. Како и секој филм и овој е колективен потфат и и иако оваа награда ја заслужуваат повеќе луѓе ќе си ја задржам само за себе. Се надевам дека следната година ќе можам да учествувам на фестивалот во Битола со свој сопствен филм, рече Даниеле Ципри во своето видео-обраќање по повод добиената награда.

Мала камера 300 доби кинематограферката Констанца Сандовал од Аргентина, за филмот „Чудовишен господ“, поради поетичноста на сликата и суптилното користење на боите во приказната, а посебни признание доби Гијом Ле Гронтек за филмот „ Комбето“ поради употребата на рачната камера која ги истакнува главните аспекти на приказната и употребата на боите на експресивен начин.

-Оваа награда многу ми значи, го сакам овој фестивал и во овој момент не би можела да бидам посреќна, ви благодарам, рече Констанца Сандовал која допатува од Аргентина во Битола за да учествува на ИФФК „Браќа Манаки.

Оваа вечер му се поклонивме на уште еден филмски маг во оваа 40 јубилејна година на фестивалот „Браќа Манаки“, Јоргос Арванитис. Во текот на речиси шест децении тој осветлил и обликувал слики со исклучителна убавина во повеќе од стотина играни филмови низ Европа и низ Медитеранот. Во меланхоличниот свет на режисерите доловува јасност со ненадмината елеганција, со својата камера дава текстура и длабочина дури и на сенишните и лаконски ликови, а работел со Тео Анѓелопулос, Жан Жак Адриен, со Динос Кацуридис, Пантелис Вулгарис, Волкер Шлендорф, Микаел Какојанис, со Жан Пјер и Лик Дарден, Марко Белокио, Агњешка Холанд, Бруно Подалидес, Горан Паскаљевиќ, Марко Ферери...

На Арванитис му беше доделена награда за животно дело „Златна камера 300“.

-Голема чест ми е да бидам на овој фестивал и да бидам заедно со сите големи кинематографери. Чест ми е да присуствувам на фестивал која ја цени сликата и кинематографијата, а особено сум почестен што сум овде бидејќи моите корени се токму од овде, бидејќи јас сум Влав, рече Арванитис кој се заблагодари уште еднаш на поканата и на укажаната чест.

Наградата на Арванитис му ја врачи директорката на фестивалот Гена Теодосиевска која се заблагодари на целиот тим на фестивалот за поддршката, љубовта и страста за филмската уметност, кој работеше сите овие денови за останатите овој фестивал да го почувствуваат за своја.

-Јас се обидов колку што можам да бидам битолчанка, не е лесно, но еве ќе се обидеме и понатаму да го чуваме духот на Битола, на урбана Битола која го сака филмот и го сака овој фестивал. Им благодарам на сите кои го допреа овој фестивал и до Агенцијата за филм и директорот Горјан Тозија кој со својата поддршка ни помогна да го подигнеме овој фестивал. Тие го покачија буџетот годинава и се надеваме дека и понатаму ќе го покачуваат. Секоја приказна има свој крај, но ние нема да дозволиме ова да биде крај, туку еден нов почеток во пресрет на 41. Издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и се надевам дека оваа сала повторно ќе биде полна со оние кои навистина го сакаат, го обожуваат и го вреднуваат филмот. Оваа година моето мото е „Оние што прашуваат ја носта светлината“, да прашуваме за да донесеме светлина затоа што на сите нам ни е потребна, порача Теодосиевска.

 

70795006 455429988649661 3654292869906169856 n

м

70442634 960732137594850 3749664383945408512 n

70639349 3065203186885579 377294228205600768 n

70853306 2436832699975207 8395015270866878464 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани