АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Посебното издание „Прилози“ од 1980 година посветено на академик Михајло Апостолски, кој бил и почесен член на Македонското научно друштво од Битола, е дел од ретките литературни трудови во рамки на изложбата „Книги: историја, иднина“ отворена вечерва по повод 4.Ноември- Денот на ослободувањето на Битола. Со оваа значајна изложба на преку 400 книги со различни стручни тематики, кои покажуваат колку Битола имала и има кавлитетни автори, научници, истражувачи од различни области, започна празничната програма за одбележување на Денот, која ќе трае четири дена.
„Има ретки изданија кои беа заштитени во нашите простории кои по подолго време ги ставаме на увид на јавноста, иако јавноста секогаш имаа можност да ги погlледне. Тоа е првиот број на списанието Прилози издадено во 1960 година, првата книга од тогашното водство на Друштвото исто така од 1960 година, а пригодно за празникот и на јавноста ѝ го нудиме специјалното издание на прилози посветено на командантот на НОБ и партизанските одреди на Македонија, генерал Михајло Апостолски кој воедно беше и почесен член на Македонското научно друштво и еден од петнаесетината членови на МАНУ кои се членови на Македонското научно друштво во Битола“, рече д-р Марјан Танушевски, претседател на Македонското научно друштво од Битола.
Првата отпечатена книга на друштвото била „Педагогика“, а втората „Печалбарство“, потоа се нижеле бројни книги, списанија прилози. Само од 2016 година кога Танушевски застана на чело на МНД -Битола , па до денес се објавени 21 книга, поточно за три години што е своевиден рекорд.
Изложбата за отворена ја прогласи градоначалниката на Битола, Наташа Петровска, која исткна дека „нема ништо помоќно од пишаниот збор кој остава траг на она што се случувало за идните генерации. Токму затоа особено ме радува што овогодинешното 75 –то прославување на пазникот на нашиот град го започнуваме со овој настан. Благодарност до Македонското научно друштво и Битолската библиотека кои со целокупниот свој ангажман успеале да ги сочуваат овие дела“.
Ж.З.