2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со бугарска помош реконструирани две училишта во општина Могила

Декември 05, 2019

Република Бугарија донираше 40 000 евра за реконструкција на подрачните училишта „Гоце Делчев“ во селата Радобор и Чарлија во општина Могила. Денес реконструираните школи ги посети бугарската делегација предводена од  министерот за здравство на Бугарија Кирил Анaниев, бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов. 

 

„Чарлија денес е домаќин на две пријателски држави, народи и култури. Република Бугарија обезбеди износ од 2 450 000 денари со која реконструиравме две училишта. На тој начин ги намаливме разликите и нееднаквостите помеѓу училиштата, создаваме нормални услови за живот. А и понатаму ќе се залагаме да направиме вакви училишта на територија на цела Могила“, рече градоначалничката Јасмина Гулевска.

Таа додаде дека Чарлија не случајно е избрано за донацијата бидејќи наталитетот таму се зголемува. Пред десетина години имаше само едно дете за на училиште, а сега настава посетуваат девет деца. Гулевска рече дека Могила е една од ретките општини која не е погодена од миграција.во училиштето во село Чарлија

„Видов реновирани згради кои ќе создадат повеќе комфор за овразованиот процес, поголемо спокојство за дечињата, подобра средина за рабта на учителите, а секако и поголемо спокојство за родителите. Знаме дека има уште многу нешта кои треба да се напрват, а ние како една пријателска држава ќе се потрудиме да ја продолживеме нашата помош за вас“, рече министерот за здравство на Бугарија, Кирил Ананиев.

Делегацијата донираше и компјутер во школото во Чарлија. јјј

јас

јас4

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани