2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

133 000 евра од Бугарија за реконструкција на Техничкото училиште

Март 11, 2020

Бугарската држава обезбеди донација од 133 000 евра за реконструкција на Средното техничкото училиште ,,Ѓорги Наумов" во Битола. Ќе се реновира комплетно дограмата и покривот за што денес генералниот конзулат Димитар Иванов и директорот на училиштето Владимир Роме потпишаа договор за соработка во Бугарскиот конзулат во Битола. 

Средствата се обезбедени преку  Програмата за помош и развој на соседните држави. 

,,Потпишавме договор со кој бугарската држава преку Програмата за помош и развој обезбеди 133 000 евра помош со која ќе биде реконструирано Средното техничко училиште во Битола. Предвидуваме тоа да се случи во тековната година и така учениците следната година да почнат настава во современа и реновирана зграда. Ќе биде реконструиран покривит и целата дограма. Целта да се создадат нормални, добри услови за учениците, администрацијата и професорите во училиштето. Ќе има и еколошки ефект зашто училиштето се загрева на мазут и со санирањето ќе се намалат количините на потрошено гориво", рече генералниот конзулат Димитар Иванов. 

,,За нас е посебно важна оваа донација зашто училиштето од 1986 година откако е пуштено во работа немало никаква капитална инвестиција или пак, реновирање. Дограмата е во очајна состојба,а покривот има азбестни плочи кои се штетни и секаде веќе исфрлени од употреба. На ваков начин ќе создадеме подобри услови за настава на нашите ученици ивработени и успесите што ги постигнуваме ќе бидат уште поголеми. Ќе се заштеди на електрична и топлинска енергија бидејќи во моментот дограмата не функционира, не дихтува и во зима децата мора да седат на настава со виндјакни. Се надевам дека на први септември ќе можеме со конзулот да го пуштиме училиштето во нова опремена состојба со нов покрив со што ќе се надминат проблемите со прокапување по училници и спортската сала", рече директорот Роме.

Ова не е единствената финансиска помош од Бугарија во земјава. Во изминатата година беа реновирани неколку училишта во Новаци и Могила. Беше изграден Центар за лица со посебни потреби во Струмица, Центар за деца со аутизам во Охрид и најави дека ќе продолжат како што рече конзулот,  да и помагаат на пријателската држава. Бугарија за една година преку различни проекти ја има помогнато државата со 500 000 евра. 

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани