2win800x200

Владата го затвори Почесниот конзулат на Унгарија во Битола

Март 12, 2020

Од вторникот службено е затворен Почесниот конзулат на Унгарија со седиште во Битола, по одлуката на Владата на седница минатата недела. што е акт на прво затворање на странско дипломатско-конзуларно претставништво некогаш во земјата.

Оваа одлука ја спроведува Министерството за надворешни работи откако Унгарија отвори Почесен конзулат во Македонија во 2012.

Ова е прв пат Владата да затвори конзуларно дипломатско претставништво на странска земја, а до сега единствено затвораше свои конзулати во Милано, Барсеона, Бангалор, Њу Делхи, Драч, Монте Карло, Лион, Бурса и неколку градови во САД.

Минатиот месец Унгарија го отповика својот почесен конзул во Битола, Сашо Јанакиевски, кој беше обвинет од скопскиот градоначалник Петре Шилегов дека несоодветно го третирал медицинскиот отпад пред да го депонира на депонијата „Дрисла“, објави фактор.мк.

Јанакиевски до сега беше единствен почесен конзул на Унгарија во Битола, назначен во септември 2012 година, а отповикувањето стапи во сила веднаш. Според процедурата, одлуката на унгарското МНР требаше да ја констатира Владата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани