2win800x200

Само сендвичарите на Шеталиштето работат

Март 12, 2020

Забавата на битолски Широк Сокак е ставена под клуч. Угостителите ги затворија кафеаните  и кафулињата почитувајќи ги препораките на Владата. Единствено работат сендвичарите на Градското шеталиште, но и таму има мала посетеност овде-онде по некој купувач. Сопственици на кафулиња на Широк Сокак велат дека вечерва контрола извршила Пазарната инспекција, и не само кај угостителите, туку и во обложувалниците и казината.

На Широк Сокак работат маркетот Веро, помалите колонијални продавници и дел од продавниците за облека и чевли. Шетачи на Широк Сокак има се помалку ,и тие што се, се повозрасни кои пазарат по маркетите. Вечерашната слика е сосема спротивна на онаа од синоќа, кога основците и средношколците, го преплавија Широк Сокак и кафулињата  по одлуката на Владата да се прекине учебната година, 14 дена, како превентивна мерка за заштита од корона вирусот.

Владата денеска ги засили мерките за превенција од корона вирусот. 

Со нив се предвидува забрана на секакви јавни и приватни собири без разлика на обемот, одложување на сите концерти, театарски претстави, кино проекции, спортски настани. 

Рестораните и кафулињата ќе работат со скратено работно време до 18 часот и со преполовен капацитет, односно ќе мора да се задржи растојание од 1,5 до 2 метри меѓу луѓето. Истото важи и за обложувачниците и казината.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани